Top Sport

„Не сакав деца да го палат мојот дрес, затоа останав во Милвоки“

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокомбо потпиша нов суперскап договор со Милвоки Бакс вреден 228 милиони долари со излезна клаузула по четвртата година, а сега малку ја дообјасни неговата одлука.

Новиот договор му започнува идното лето и трае се до 2026 година. Јанис рече дека Милвоки е неговиот дом. Тука сака да ги расте децата и да освои прстен. Потоа следуваше и мала шега.

„Секогаш ми е убаво кога ќе видам деца во мојот дрес, како ме гледаат на натпреварите. Не сакав да ми се лутат ако заминам и да ги палат моите дресови“ рече Адетокумбо.

Грчкиот кошаркар веројатно се потсети на првото заминување на Леброн Џејмс од Кливленд Кавалирс кога целиот град се сврте против него и на улиците беа палени неговите дресови.

Инаку неговиот нов договор е најбогат договор возможен во НБА лигата:

Адетокумбо доби супер-макс од 228 милиони долари!

Scroll to Top