Некогашните соиграчи, а сега големи ривали, Кевин Дурент и Расел Вестбрук, повотрно имаа вербална расправија.
За разлика од пред десет месеци, овојпат расправијата беше многу пожестока, бидејќи двајцата по еден дуел имаа „блиска средба“, а снимката покажува дека играчот на Голден Стејт прв почнал.
Вербалниот инцидент се случи во средишницата на третиот период при водство на Оклахома Тандер 73:56.
Оклахома на крајот забележа победа над Голден Стејт Вориорс 108:91. Најзаслужен за победата беше токму Вестбрук кој беше на асистенција до трипл-дабл (34 поени, 10 скока, 9 асистенции).
На спортивната страна Дурент мечот го заврши со 21 поен и 5 скока.