Top Sport

Не запира серијата на Голден стејт, Вигинс му пресуди на поранешниот тим

Голден стејт Вориорс, против Минесота ја продолжија победничката серија во НБА лигата. Вориорс славеа со 123:110 и ја запишаа десеттата победа во единаесеттиот натпревар сезонава.

Вориорс, доминираа од самиот почеток, против еден од најлошите тимови во лигата. Разликата во еден момент беше и повеќе од 20 пеони. Проблем за Вориорс претставува повредата на Дрејмонд Грин, кој го напушти теренот во третата четвртина.

Поранешниот играч на Минесота, Ендрју Вигинс со 35 поени беше најефикасен кај Вориорс, 25 поени постигна Стеф Кари.

Кај Минесота се истакна Ентони Едвардс со 48 поени и по пет скока и асистенции. Со 20 години и 97 дена стана петтиот најмлад играч во историјата на лигата со 45 или повеќе постигнати поени.

Резултати:

Кливленд-Вашингтон 94:97
Орлансо-Бруклин 90:123
Бостон-Торонто 104:88
Хјустон-Детроит 104:112
Њујорк-Милвоки 100:112
Чикаго-Далас 117:107
Мемфис-Шарлот 108:118
Њу Орлеанс-Оклахома 100:108
Сан Антонио-Сакраменто 136:117
Денвер-Индијана 101:98
Финикс-Портланд 119:109
ЛА Лејкерс-Мајами 120:117

Scroll to Top