Top Sport

Недовиќ по вторпат заразен со коронавирус

Грчкиот кошаркарски клуб Панатинаикос објави дека во своите редови има седуммина заразени со коронавирус, од кои четворица кошаркари и тројца членови на стручниот штаб.

Еден од кошаркарите кои имаат инфекција на Ковид 19 е и српскиот ас, Немања Недовиќ, а покрај него заразени со вирусот се и Леонидас Каселакис, Џереми Еванс и Хаувард Сент-Рос.

За Недовиќ ова не е првпат да биде заразен со вирусот. Токму поради сличен проблем тој го пропушти квалификацискиот турнир за ОИ во Токио во Белград ова лето.

Грчкиот клуб утре треба да го дочека Жалгирис во рамки на 20. коло од Евролигата, но мечот е под знак прашање затоа што и во тимот од Каунас има кошаркари позитивни на вирусот, а во карантин е и нивниот стратег Јуре Здовц.

Инаку, Недовиќ сезонава во Евролигата има одиграно 13 меча со просек од безмалку 11 поени.

Scroll to Top