Top Sport

Карлсен шокиран, остана без светската титула – му ја „украде“ 17-годишник

Талентираниот тинејџер од Узбекистан 9 Нодирбек Абдусаторов (17) е нов светски шампион во брзопотезен шах. Тоа е големо изненадување за светскиот првак – Магнус Карлсен.

Норвежанецот во вкупниот поредок заврши како третопласиран иако имаше ист број бодови како и Абдусаторов, но и Јан Непомњаши и Фабијано Каруана. Сепак во такви ситуации се гледа тежината на противникот со кој си играл.

Сите четворица шахисти по 13 одиграни партии во Варшава собраа по 9,5 поени, меѓутоа Узбекистанецот дојде до титулата откако во доигрувањето го победи Непомњаши, кој е финалист во мечот во класичен шах.

„Многу сум разочаран што нема да имам шанса да играм ѕај-брејк. Мислам дека играчите треба да кажат нешто за ваквиот лош систем. За мене секој тај-брејк систем е добар доколку не застане на патот на почитувањето“ вели Карлсен.

Scroll to Top