Top Sport

Недовиќ во Армани Милано

Српскиот репрезентативец Немања недовиќ од наредната сезона ќе го носи дресот на Армани Милано. Покрај Недовиќ нов играч на овој тим ќе биде и Андреа дела Вале.

Информацијата дека Недовиќ веќе потпишал договор со Милано ја објави познатиот кошаркарски инсајдер, новинарот Дејвид Пик.

фото: EPA

Недовиќ последните две сезони е играч на Уникаха од Малага. Со овој тим тој минатата сезона го освои Еврокупот и из бори пласман во Евролигата.

Плејмејкерот во Евролигата оствари просек од 16,8 поени, 1,5 скока, 4,8 асистенции и една украдена топка по натпревар.

Армани Милано, сезонава, заедно со Анадолу Ефес е најголемото разочарување во Евролигата. Овој тим забележа само 10 победи во Евролигата.

Scroll to Top