Top Sport

Хјустон ја декласира Јута (Видео)

Хјустон Рокитс ја врати предноста на домашниот терен, откако во третиот натпревар, во Солт Лејк Сити, ја декласираа Јута 113:92.

Тимот на Мајк Д’Антони апосолутно го декласираа домашниот тим стварувајќи предност од 70:40 по првиот дел.

Најефикасни кај победникот беа Џејмс Харден и Ерик Гордон со по 25 поени, а ги следеа Крис Пол со 15, односно Тревор Ариза и Клинт Капела со по 11 поени.

Кај Јута подобри од останатите беа Ројс О’Нил со 16 и Тревор Букс со 14 поени. Дебитантот Донован Мичел постигна само 10 поени, со лош процент на реализиција од поле (4/16).

Наредниот меч се игра в понеделник од 4:30 часот.

Scroll to Top