Бидејќи резултатите се далеку под очекувањата, кошаркарскиот клуб Химки ќе бидат драстично казнет, објавија руските медиуми. Сите во клубот, од тренерот и стручниот штаб до играчите и другиот персонал ќе бидат казнети со одземање 50 отсто од платата.
Химки, кој за настап во Евролигата вложи многу во играчкиот кадар, во елитната конкуренција во моментов се наоѓа на седмото место на табелата со скор девет победи и седум порази, а во регионалната ВТБ-лига тимот е на петтата позиција со шест победи и четири порази.
Вакви дисциплински мерки често користат грчките клубови и казната ја укинуваат кога ќе дојдат и подобрите резултати.
Минатата сезона на ваков чекор се реши и Барселона. Интересно, тренер на Барселона лани беше актуелниот тренер на Химки, Јоргос Барцокас.