Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ потпиша нов договор со Уникс Казан. Иако се поврзуваше со Фенербахче, Партизан и со Панатинаикос, на крајот Димитријевиќ ја профати понудата на рускиот клуб за продолжување на соработката.
Новиот договор е за уште една сезона, со опција за продолжување на уште една дополнителна година.
„25-годишниот Македонец даде огромен придонес во дебитантскиот шампионат на нашиот клуб во ВТБ-лигата и беше прогласен за МВП на финалната серија. Горди сме што имаме нов договор со Ненад Димитријевиќ“,објави Уникс Казан.
Димитријевиќ во 47 натпревари од регуларниот дел од сезоната и плејоф серијата за Уникс имаше просек од 12,8 поени, 5,6 асистенции, 2,5 скока и 0,9 украдени топки.
View this post on Instagram