Top Sport

Ненад Димитријевиќ во тимот на колото во ВТБ лигата

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ се најде во тимот на колото во ВТБ лигата. Тој одигра одличен меч за својот тим Уникс Казан.

Уникс Казан го совлада Локомотив Кубан со 91:73, а Димитријевиќ беше најдобар играч на мечот со 22 поени и 7 асистенции.

Идното коло Димитријевиќ и Уникс ќе играат против последнопласираниот тим КК Минск.

Scroll to Top