Top Sport

Нестварен кош на Клемен Препелич (Видео)

Нестварен кош постигна синоќа репрезентативецот на Словенија, Клемен Препелич, со кој Хувентуд во Бадалона ја победи Дарушавака 85:82.

Препелич, со звукот на сирената, успеа да го погоди кошот на Дарушафака од својата половина.

До последниот шут Словенецот не можеше да погоди ништо, погодил само една двојка од пет обиди, а од четирите обиди за три поени не погодил ниту еднаш.

Хувентуд по три кола има две победи во Еврокупот.

Ненад Димитријевиќ кај победникот постигна осум поени, на кои им придодаде два скока и три асистенции.

Scroll to Top