Катастрофалниот пораз од Кил, во неделата (20:31), ќе предизвикаат промени во стручниот штаб на ракометниот клуб Вардар.

Вардар одиграа скандалозно во првиот дел против Кил кога постигнаа само четири гола, на крајот ниту солидното издание во второто полувреме не успеа да го поправи впечатокот. Кил од почетокот на сезоната два пати го победил Вардар, претходно германскиот тим славеше на Супер глоуб.

Се шпекулира дека цехот за лошото издание против Кил ќе ја плати тренерот Давид Писонеро.

Наводно Писонеро ќе остане во клубот како помошник, а функцијата на прв тренер ќе ја преземе спортскиот директор Едуард Кокшаров.

Инаку Кокшаров покрај тоа што е спортски директор на Вардар, од 2017 година е и селекторот на репрезентацијата на Русија.