Top Sport

Нестварен натпревар на Богдановиќ, Кари го растури Мемфис, Јокиќ и Леброн не можат сами

Богдан Богдановиќ, Стеф Кари, Никола Јокиќ, Девин Букер, Леброн Џејмс ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата.

Спрскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ е тема во САД. Тој го реши дуелот во Филаделфија откако не успеа да погоди ништо до последните четири минути.

Богдановиќ ги промаши првите 13 шутеви на натпреварот, потоа на четири минути до крајот погоди тројка за прва предност на Атланта (91:90). До крајот на натпреварот кај Атланта поени постигнуваше само Богдановиќ.

Србинот постигна 10 поени за триумф на Атланта 98:96.

Неговиот сонародник Никола Јокиќ, уште еднаш покажа дека нема со кого да игра во Денвер. Јокиќ, дуелот со Шарлот забележа 29 поени и 21 скока, но тоа не беше доволно неговиот тим да слави победа.

Шарлот ја стигнаа предноста на Денвер од 17 поени во последната четвртина и на крајот славеа 115:107.

Слично како Јокиќ и Леброн Џејмс игра брилијантно, но Лејкерси губат. Џејмс против Сан Антонио постигна 36 поени, но неговиот тим забележа катастрофален пораз 110:138.

Голден стејт Вориорс и Финикс Санс ја продолжуваат мртвата трка за првата позиција во лигата.

Вориорс предводени од Стеф Кари славеа победа над Мефис 114:103. Кари натпреварот го заврши со 46 поени, погоди осум тројки од 14 обиди. Во редовите на Мемфис тројца играчи постигнаа 20+ поени.

Финикс немаа проблем со Оклахома, победија 113:101. Девин Букер го предводеше својот тим со 30 поени.

Scroll to Top