НБА лигата изминатата ноќ понуди само два натпревари. ЛА Клиперс славеа над Далас Маверикс, а Мајами Хит ги победи Хјустон Рокетс.
Далас не успеа да слави во дуелот со Клиперс (121:125), во кој Лука Дончиќ постави рекорд во својата кратка НБА кариера.
Словенецот не престанува да ја воодушевува кошаркарската јавност во САД.Против Клиперс за 31 минута тој забележа 32 поени (рекорд во кариерата), четири скока, пет асистенции и четири украдени топки.
Покрај 19-годишниот Дончиќ кај Далас се истакнаа Џеј-Џеј Бареа со 19 поени, три помалку постигна Херисон Барнс, а Диандре Џордан имаше 22 скока.
Кај победникот Данило Галинари постигна 32 поени, шест повеќе од Лу Вилијамс.
Тимската игра на Мајами им ја донесе победата против Хјустон 101:99. Ерик Гордон, во финишот не успеа да погоди отворена тројка за победа на Хјустон. Она што ги загрижува сите во Хјустон е повредата со која на овој меч се здоби првиот плејмејкер Крис Пол.
Петмина играчи на Мајами мечот го завршија со двоцифрен број на поени, а најефикасни беа Џош Ричардсон со 22 и Тајлер Џонсон со 19 поени.
Хјустон го предводеше Џејмс Харден со 35 поени.