Top Sport

Нестварна партија на Лаверт, Бруклин победија во Бостон (Видео)

Осум натпревари се одиграа во НБА лигата. Денвер Нагетс загубија од последниот тим во лигата, а Крис Леверт со неверојатна шартија се погрижи Бруклин да забележат победа во Бостон.

Бостон имаа предност против Бруклин до самата завршница. Сепак Лаверт избори продолженија со погодените три слободни фрлања. Во дополнителното време Бруклин на противникот му дозволи да постигне само два поени.

Лаверт одигра неверојатен меч, постигна личен рекорд од 51 поен, од нив 37 реализираше во последната четвртина и продолжението.

Голден стејт Вориорс направија големо изненадување со победата над Денвер Нагетс 116:110. Вориорс ја забележаа 14 победа во сезоната. Последно пласираниот тим во лигата го предводеа Ендру Вигинс и Ерик Паскал со по 22 поени. Кај Денвер се истакна Никола Јокиќ со 16 поени, 13 скока и седум асистенции.

ЛА Лејкерс лесно се справија со Филалдлефија 120:107. Ентони Дејвис се истакна со 37 поени и 13 скока, додека Леброн Џејмс забележа 22 поени и 14 асистенции.

Резултати:

Шарлот-Сан Антонио 103:104
Њу Орлеанс-Минесота 134:139
Оклахома-ЛА Клиперс 94:109
Финикс-Торонто 114:123
Сакраменто-Вашингтон 133:126

Scroll to Top