Асвел во Монако, со тројка во последната секунда, го добија француското дерби во Евролигата. Вилијам Хауард го постави конечниот резултат 85:84.
„Знаев дека шутот е добар. Замалку ќе останев без топката, успеав да ја исправам грешката. Навистина сум среќен, бидејќи тимот, поради бројните повреди се наоѓа во тешка ситуација. Драго ми е што се боревме до крајот и што победивме“, рекол 28-годишниот Хауард.