Top Sport

Неверојатен натпревар на Дончиќ – Словенија ја растури Аргентина

Кошаркарската репрезентација на Словенија имаше блескаво деби на Олимписките игри. Словенците, во првото коло ја победија Аргентина со 118:100. Актуелните светски вице-шампиони, немаа решенија за играта на Лука Дончиќ, кој блескаше во текот на целиот натпревар.

Дончич натпреварот го заврши со 48 поени, 11 скока, пет асистенции, три блокади и шест загубени топки. Ѕвездата на Далас, беше блиску до апсолутниот рекорд на ОИ, кој во држи легендарниот Бразилец, Оскар Шмид со 55 поени.

Дончиќ во првото полувреме постигна 31 поен. Неверојатен е податокот дека Дончиќ во првото полувреме одигра 16:24 минути и во тој период постигна повеќе поени од целиот тим на Аргентина (31-29).

Словенците на полувреме водеа со 64:42. Дончиќ и колегите не попуштија во ниту еден момент, ја држеа разликата од 25 до 30 поени, а за пристоен пораз Аргентинците се изборија во финишот на мечот.

Покрај Дончиќ кај Словенците се истакна и Клемент Препелич со 22 поени, 13 од нив во последната четвртина.

Аргетнина ја предводеше 41-годишниот Луис Скола со 23 поени, два повеќе од Факундо Кампацо.

Во второто коло, Словенија во четврток ќе игра против Јапонија, додека Аргетнина за противник ќе ја има Шпанија.

Scroll to Top