Top Sport

Неверојатен пресврт – Русите ја ослободија Бритни Грајнер

Американската кошаркарка Бритни Грајнер е пуштена на слобода, соопштија руските власти. Веста ја потврдија американските медиуми и претседателот на САД.

САД и Русија договориле размена на затвореници, во замена за кошаркарската ѕвезда, Русија ќе го добие дилерот на оружје Виктор Бут, кој 12 години беше затворен во американскиот систем.

Според американските медиуми, претседателот Џо Бајден лично ја одобрил оваа размена.

Грајнер беше уапсена на 17.февруари на аеродромот Шереметјево, откако руските цариници откриле патрони со електронски цигари со масло од канабис, што нелегално во Русија.

Кон крајот на летото, 31.годишна Американка беше осудена на девет години затвор.

Scroll to Top