Top Sport

Неверојатна коинциденција: Коби „оживеа“ во пет НБА ѕвезди

НБА втора ноќ го оплакува Коби Брајант, кој трагично настрада во неделата. Меѓутоа НБА ѕвездите се погрижија Коби и понатаму да живее.

Треј Јанг, Лука Дончиќ, Бади Хилд, Девин Букер и Кемба Вокер беа најистакнати во своите тимови и стрелци на натпреварите што ги играа.

Две работи ги поврзуваат овие играчи. На сите идол им бил Коби Брајант и синоќа сите вкупно шутирале 24 пати кон кошот на противникот. 24 е симболот на Коби Брајант.

Духот на Брајант живее во неговите наследници.

Scroll to Top