Top Sport

Неуништливиот Федерер го елиминира Сандгрен

Роџер Федерер го преживеа дуелот со Тенис Сандгрен и се пласираше во полу-финалето на Австралија опен. Швајцарецот на теренот мина три и пол часа, спаси седум меч топки и на крајот победи 6/3, 2/6, 2/6, 7/6, 6/3.

Играчот со најмногу гренд-слем титули лесно го доби првиот сет со 6/3 за 35 минути игра. Вториот и третиот сет во целост му припаднаа на Сандгрен, кој „леташе“ по теренот и направи пресврт.

Драмата која го реши победникот се одвиваше во четвртиот сет. Сандгрен при резултат 5:4 не искористи три меч топки, а потоа во тај-брејкот не успеа да реализира уште четири топки за победа.

Тај-брејкот во четвртиот сет му припадна на Федерер со 10:8.

Петтиот сет го реши еден брејк, него во шестиот гем го направи Федерер.

Швајцарецот во полу-финалето ќе игра против победникот од мечот помеѓу бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ и Милош Раониќ.

Scroll to Top