Top Sport

Неволји во рајот, Вилдоса и Ернангомез ќе го напуштат ПАО?

Панатинаикос, пред почетокот на сезоната, состави тим преполн со ѕвезди, во обид да ја нападне титулата во Евролигата, неколку месеци подоцна јасно е дека тимот ја нема потребната хемија.

Медиумите шпекулираат дека Аргентинецот Лука Вилдоса и Шпанецот Хуанчо Ернангомез, во блиска иднина би можеле да го напушти Панатинаикос.

Двајцата не се во добри односи со тренерот Ергин Атаман. Вилдоза не беше еден од странските играчи, што ги изостави Атаман од тимот кој победи во дербито, во домашниот шампионат, против Олимпијакос. Ернангомез кој дојде од НБА лигата, доби критики од Атаман, поради лошата форма.

Армани, наводно ја следи ситуацијата околу Вилдоза, а Ернангомез го поврзуваат со Реал Мадрид.

Scroll to Top