Top Sport

Незгодна повреда на Богдановиќ, Ламело најмлад со трипл-дабл во НБА лигата

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ доживеа незгодна повреда во текот на втората четвртина од мечот помеѓу Шарлот хорнетс и Атланта хокс (113:105), меч кој исто така беше одбележан и од Ламело Бол, кој стана најмладиот НБА кошаркар во историјата со трипл-дабл на еден натпревар.

Богдановиќ играше 10 минути во кои постигна пет поени, пред незгодно да доскокне на десната нога и веднаш да биде изнесен од теренот и воопшто не се врати на клупата. Иако од снимката може да се заклучи дека има повреда на скочниот зглоб, американските медиуми тврдат дека повредата е на коленото.

Во натпреварот пак, прва ѕвезда беше Ламело Бол, 19-годишниот дебитант, кој стана најмладиот во историјата со трипл-дабл (22 поени, 12 скока и 11 асистенции) за да помогне Шарлот да стигне до 113:105 победа, нивна трета во низа.

Бол пред само две вечери пропушти трипл-дабл кога имаше 12 поени, 10 скока и 9 асистенции во победата над Њу Орлеанс пеликанс, каде што игра неговиот брат Лонзо Бол.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија – Денвер 103:115

Шарлот – Атланта 113:105

Индијана – Феникс 117:125

Вашингтон – Мајами 124:128

Милвоки – Кливленд 100:90

Минесота – Сан Антонио 122:125 ОТ

Далас – Орландо 112:98

Сакраменто – Портланд 99:125

Scroll to Top