Центарот на Денвер Нахетс, Никола Јокиќ е прогласен за МВП на сезоната во НБА лигата. Информацијата ја објави новинарот Шемс Чаранија. НБА наскоро ќе му ја врачи наградата на српскиот репрезентативец.
Јокиќ, оваа сезона, во регуларниот дел, одигра 72 натпревари, во просек белеѓеч по 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции.
Никола Јокиќ е најниско рангираниот играч на драфтот кој станал МВП. Во 2014 година, Денвер го избраа како 41.пик на драфтот. Исто така, тој е првиот МВП, по Коби Брајант во 2008 година, кој ги одиграл сите натпревари во регуларниот дел од сезоната.
Оваа сезона тој се наоѓа меѓу најдобрите пет стрелци, скокачи и асистенти.
Јокиќ е третиот играч од Европа кој го добил ова престижно признание, пред него тоа им успеало на Дирк Новицки и Јанис Адетокумбо.