Top Sport

Никола Јокиќ го престигна Мајкл Џордан!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ноќеска го запиша 29-тиот трипл-дабл учинок во НБА лигата со што го престигна легендарниот Мајкл Џордан.

„Тоа е убаво, но статистиката не ми е важна. Не можам да кажам дека не ми е драго, меѓутоа ништо посебно тоа не претставува. Се надевам дека Џордан ќе го престигнам по бројот на освоени титули“ – изјави српскиот центар.

Легендарниот кошаркар на Чикаго Булс за 15-годишната НБА кариера освои 6 шампионски прстени, па пред Србинот е многу тешка задача.

Со најновиот трипл-дабл, Јокиќ сега е на делба на 12-тата позиција со Грент Хил. Најуспешен во оваа категорија е Оскар Робертсон кој има дури 181 трипл-дабл, а по него се Расел Вестбрук и Меџик Џонсон со по 138.
https://youtube.com/watch?v=M_8BW1CrVLE

Scroll to Top