Top Sport

Батистута: Марадона е во многу работи подобар од Меси

Со години се водат полемики за тоа кој е подобар фудбалер – Лионел Меси или Диего Марадона, а своето мислење го кажа и легендарниот аргентински напаѓач, Габриел Батистута.

Популарниот „Бати-гол“ тврди дека Марадона е подобар, а наведе и точни причини за неговите тврдења.

„Марадона беше подобар во многу работи. Технички можеби Меси е подобар, но можеби и нема разлика. Меѓутоа што се однесува до карактерот и влијанието на играта, Марадона може многу повеќе за разлика од Меси, и тоа со самото присуство на теренот. За мене денес Лео е најдобриот на свет, но Марадина е најдобар во историјата“ – вели Батистута.

Аргентинецот се потсети на Светското првенство во 1994 година.

„Против Грција Марадона беше пред мене, ја претставуваше Аргентина како капитен. Беше тоа сон. Таму дадов три гола, но не се сеќавам на нив. Се на што се сеќавам е – Диего. По мое мислење тој е најдобриот. По сите овие години откако не играм фудбал и понатаму го имам истото мислење“ – вели Батистута.

Scroll to Top