Никола Јокиќ, актуелен МВП на НБА лигата, стана татко. Неговата сопруга Наталија се породи, на свет донесе девојче. Среќните родители решија нивната ќерка да се вика Огњена.
Јокиќ, се подготвува со Денвер Нагетс за новата сезона во НБА лигата, која ќе започне на 16.октомври.
Најдобриот играч во регуларниот дел од минатата сезона, летово не играше за Србија во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио. Без него, но и без неколку други играчи, Србија доживеа дебакл на домашен терен и не успеа да стигне до Токио.
Заморот и бременоста на сопругата, Јокиќ, ги наведе како причини, што го одби повикот на селекторот.
Таквата негова одлука наиде на осуда во српската јавност. Јокиќ неодамна изјави дека не жали што донел таква одлука.