Top Sport

Никола Миротиќ во Олимпија Милано

Најголемата летна трансфер-сага во европската кошарка конечно заврши. Никола Миротиќ кариерата ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

Црногорецот со шпански пасош ќе потпише повеќегодишен договор со италијанскиот клуб и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Еторе Месина.

Олимпија успеа да го задржи јадрото на тимот од минатата сезона, што значи дека со Миротиќ ќе биде главен фаворит за титулата во Евролигата.

Миротиќ изминатите три сезони играше за Барселона и со нето плата на годишно ниво од 5.500.000 евра беше најплатениот кошаркар во Европа. Сепак поради финанските проблеми со кои се соочува фудбалскиот клуб Барселона реши да го раскине договорот со него. Миротиќ на суд ќе бара да му бидат исплатени последните две години од договорот.

Крилниот играч во кариерата настапуваше за Реал, Чикаго, Њу Орлеанс и Милвоки.

Scroll to Top