Top Sport

Николиќ: Горд сум на кошаркарите на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје Аеродром го врати трофејот од Купот на Македонија во своите витрини. Во финалето, тимот од „Јане Сандански“ беше подобар од Феникс 2010 со 89:73 и по 11. пат го освои пехарот.

„Немам зборови за ова финале, сакам да им се заблагодарам за сите на честа во Македонија. Феникс го направи финалето големо, одигра доста добар натпревар овој тим, беше убав и за публиката и за македонската кошарка. Горд сум на клубот, мојот стручен штаб, играчите на прво место, навивачите секако. И ова е само прв наш чекор во оваа сезона, имаме уште две големи цели да оствариме и би му посакал на секој, еден ден во животот да се чувствува како јас сега“, изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром.

Следната мисија на МЗТ е да се обиде да избори опстанок во АБА лигата и да ја одбрани титулата во првенството на Македонија.

Scroll to Top