Top Sport

Никс без одговор за Ентони Дејвис (Видео)

Кошаркарите на Њу Орлеанс Пеликанс со голем пресврт забележаа победа во Њујорк. Пеликаните победија трет пат во последните четири натпревари и се наоѓаан на шестата позиција цо Западната конференција со скор 22-20.

Пеликаните во „Медисон Сквер Гарден“ славеа по едно продолжение 123:118, откако во последниот квартал успеаја да надоместат негатива од 19 поени.

Њу Орлеанс го предводеше Ентони Дејвис со 46 поени, 17 скока и 4 украдени топки, додека кај Никс се истакна Летонецот Кристапс Прозингинс со 25 поени, 6 скока и 3 асистенции.

На другите две средби кои се играа во НБА лигата, Индијана го порази Феникс 120:97, а Минесота беше подобра од Портланд 120:103.

Scroll to Top