Top Sport

АО: Турнирот заврши за Изнер и Андерсон

Првиот Гренд слем турнир во сезоната, Австралија опен, донесе две големи изненадувања во машка конкуренција. Турнирот во првото коло заврши за Џон Изнер и Кевин Андерсон.

На голема радост на домашната публика 78.играч на АТП листата Мат Ебден успеа да го елиминира 16.носител Американецот Џон Изнер.

Ебден четири пати успеа да направи брејк против еден од најдобрите сервери во светот на тенисот и да се радува на победата по 126 минути игра.

Авсралиецот победи во четири сета (6:4, 3:6, 6:3, 6:3).

Елиминација на стартот доживеа и минетогодишниот финалист на Отвореното првенство на САД, Кевин Андерсон.

Јужноафриканецот падна по 243 минути голема борба со Британецот Кајл Едмунд.

Едмунд славеше во пет сета (6:7, 6:3, 3:6, 6:3, 6:4).

Scroll to Top