Њујорк Никс се подготвени да се откажат од тројца клучни играчи за да го добијат актуелниот МВП на НБА лигата.
Според новинарот на „Филаделфија Инквајер“, Кит Помпеј, Никс се подготвени да ги разменат Џулиус Рендл, Ар-Џеј Барет и Еван Фурние или Мичел Робинсон за Џоел Ембид.
Никс би испратиле тројца од гореспоменатите четворица кошаркари во Филаделфија заедно со два или три пика од првата рунда.
Ембид е во Филаделфија од почетокот на својата НБА кариера во 2014 година (трет пик), минатата сезона беше МВП на лигата, но неговата љубов кон Сиксерси може да стане недоволна за тој да остане во тимот, доколку сагата со Џејмс Харден продоли и влијае на шампионските амбиции на тимот.
„Сакам само да освојам титула. Без разлика дали тоа е во Фили или на друго место“, рече Ембид во јули.