Top Sport

Ништо од НБА, Шортс се договорил со Панатинаикос

Ти-Џеј Шортс по се изгледа ја сменил одлуката да се пресели во НБА лигата, наводно тој ја прифатил понудата од Атина и наредната сезона ќе игра за Панатинаикос.

Според грчкиот „СДНА“, газдата на „зелените“, Димитрис Јанакопулос ги исполнил сите желби на што пред него ги поставил македонскиот репрезентативец. Шортс се согласил да потпише тригодишен договор со „Зелените“.

Се наведува дека во договорот на Шортс нема да има НБА клаузула, но таа ќе важи само за првата година од договорот.

Нема сомнение дека Панатинаикос ќе има импозантен тандем следната сезона во Кендрик Нан и Ти-Џеј Шортс.

Оваа сезона во Евролигата, тој имаше просек од 19 поени, 2,6 скока и 7,3 асистенции и една украдена топка по натпревар.

Scroll to Top