Top Sport

Ниту 40-те поени на Адетокумбо не беа доволни за победа над Србија

Србија ги заддржа своите шанси за пласман на Мундијалот во 2023 година, откако во Белград во фантастична партија стигнаа до 100:94 победа над Грција по продолженијата.

И покрај повредата на Василије Мициќ и фантастичната партија на Јанис Адетокумбо, кој заврши со 40 поени, 8 скока и 5 асистенции, Србија успеа да стигне до победата, откако Калиниќ ги погоди последните две слободни фрлања за триумф. Никола Јокиќ на крајот заврши со 29 поени, 8 скока и 6 асистенции. Србија сега има 2-3 скор во втората групна фаза, додека Грците се со 3-2 скор.

Словенија пак, и покрај спориот старт стигна до убедлива 104:83 победа над Естонија, предводени од Лука Дончиќ, кој за 30 минути на теренот имаше 25 поени, 11 скока и  8 асистенции.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2023
ГРУПА И
Летонија – Турција 111:85
Србија – Грција 100:94 по продолженија
Белгија – Велика Британија 72:57

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ј
Финска – Израел 79:73
Шведска – Германија 50:67
Словенија – Естонија 104:83

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top