Заштитниот знак на Њујорк Никс, оскаровецот Спајк Ли, до крајот на сезоната нема да ги следи натпреварите на својот омилен тим во „Медисон Скевер Гарден“. Режисерот во изминатите 30 години речиси и да не пропуштил натпревар на Њујорк. Тој решил да не влегува во салата оваа сезона откако бил тормозен од обезбедувањето во понеделникот.
Спајк Ли 28 години во „Медисон Сквер Гарден“ влегувал од влезот за вработените. Истото го направил и во понеделникот, на влезот му го поминале билетот, но кога дошол до лифтот обезбедувањето го натерало да го напушти.
Тие му рекле да влезе од некој друг влез, но тој одбил бидејќи неговиот билет веќе бил поминат на скенерот.
Инцидентот набргу станал вирален хит на социјалните мрежи. Од клубот тврдат дека неколку пати го предупредиле Ли да не го користи тој влез туку да влегува од ВИП делот. режисерот веднаш го демантирал ова.
„Влегувам од тој влез речиси 30 години. Зошто не ми кажаа дека повеќе не можам да го користам тој влез. Се колнам во гробовите на мојата мајка и брат дека тие лажат. Никс се резил за оваа лига“, рекол Спајк Ли.
Никс соопштија и дека е решен проблемот, со приложена фотографија со лоша резолуција на која се гледа како сосптвеникот на Никс Џим Долан се ракува со Спајк Ли.
„Долан ме вознемируваше. Дојде на полувремето и барашe да разговараме. За што би разговарале? Му кажав дека не бев известен дека имаат ново правило за влез во салата“, рекол Ли.
Веднаш по овој инцидент американските медиуми објавија дека Спајк Ли годишно плаќа 300.000 долари за своето место во „Медисон Сквер Гарден“. Тоа значи дека за 30 години тој за да ги гледа мечевите на Њујорк издвоил речиси 10 милиони долари.
Director Spike Lee denied entry to MSG. Rumors are circulating that MSG CEO James Dolan didn’t want the famed director to enter. #SpikeLee #MSG pic.twitter.com/0gZVaHDXBP
— BroTalkLive (@BroTalkLivePod) March 3, 2020