Top Sport

Њујорк Никс подготвиле договор за Кајл Лаури

Њујорк Никс имаат желба да го донесат во тимот ветаранот од Торонто Репторс, Кајл Лаури.

Лаури има 35 години, тој имаше желба да ги напушти Репторс во февруари, меѓутоа остана во Репторс каде ќе ја заврши оваа сезона. Торонто Репторс го прекинаа континуитетот и по осум години нема да играат во плеј-офот.

Њујорк имат доволно простор во „селерикапот“ за да го донесат Лаури. Според медиумите, Никс, му подготвиле финансиски богат двегодишен договор.

Лаури сезонава има просек од 17,2 поени и 7,3 асистенции по натпревар.

Scroll to Top