Top Sport

Зидан остана и без Ферлан Менди

Левиот бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди, поради повреда ја заврши сезоната. Францускиот фудбалер, го повреди коленото против Челси, во полу-финалниот реванш во Лигата на шампионите.

Поради повредата, Менди, не играше во неделата против Севилја (2:2), а денешните лекарски прегледи покажале дека тој ќе мора да паузира три недели, што значи дека оваа сезона за него е завршена.

Претходно, поради повреди, сезоната ја завршија двајцата играчи кои ја покриваат десната страна во одбраната Лукас Васкез и Дани Карвахал, а против Севилја се повреди и третиот десен бек, Алваро Одриозола.

Исто така, од тимот се отсутни Серхио Рамос и Рафаел Варан.

Медиумите кои со внимание ги следат случувањата во Реал, објавија дека ова е 62 повреда во тимот од почетокот на сезоната.

Раал наредниот меч во Ла Лига го игра во четврток од 22 часот против Гранада. До крајот на сезоната Реал ќе гостува во Билбао и ќе го пречека Виљареал.

Scroll to Top