Top Sport

Ноември во Евролигата го обележа Ти Џеј Шортс

Лидерот и најдобриот играч на Париз, Американецот со македонски пасош, Ти Џеј Шортс е најкорисен играч за ноември во Евролигата.

Кошаркарите на Париз блескаат во дебитантската сезона во елитното натпреварување, по 12 кола се први на табелата со девет победи.

Секако, најмногу придонесе Ти Џеј Шортс за ваквиот подем на шампионот во Еврокупот, кој во ноември на пет натпревари постигнуваше во просек по 19,6 поени и забележа 8,4 асистенции.

Импресивен е неговиот индекс на корисност во споменатите пет натпревари, на кои Париз ги оствари сите пет победи – 25,2.

Да потсетиме, Ти Џеј Шортс е најнискиот играч во лигата заедно со Бразилецот Јаго дос Сантос од Црвена звезда, двајцата се високи 175 см.

Париз во ноември ги победи Партизан и Жалгрис на домашен терен, потоа Барселона и Анадолу Ефес на гости, а на крајот од најуспешниот месец во клупската историја имаше и победа против Виртус на домашен терен.

Scroll to Top