Top Sport

Ноќ на Двајт Хауард и Леброн Џејмс (Видео)

Леброн Џејмс и Двајт Хауард се играчите што ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Ѕвездите на Кливленд и Шарлот одиграа нестварни натпревар во победите на своите тимови над Торонто, односно Бруклин.

Кливленд, во дербито на Истокот, успеа да го победи лидерот на табелата Торонто 132:129. Кавалирс имаа негатива од 15 поени по првото полувреме, која ја стигнаа во вториот дел, а потоа по голема борба за секој поен, Леброн Џејмс го однесе својот тим до победата.

„Кралот Џејмс“ натпреарот го заврши со 35 поени, 7 скока, 17 асистенции и ниту една загубена топка. Одличен натпревар дигра и повратникот во тимот Кевин Лав кој запиша „дабл-дабл“ од 23 поени и 12 скока.

Торонто го предводеа Кајл Лаури со 24 поени, 4 скока и 7 асистенции, односно Демар Дерозан со 21 поен.

Во Бруклин, еден од најдобрите центри во изминатата деценија, Двајт Хауард, оствари невидена доминација под обрачите и му овозможи на шарлот да победи 111:105.

Хауард во статистиката запиша 32 поени 30 скока.

Во историјата на лигата ова е втор пат кошаркар на натпревар да забележи најмалку 30 поени и исто толку скока. Пред осум години, тогаш како играч на Минесота, Кевин Лав оствари 30 поени и 30 скока.

Резултати:

Мемфис Гризлис-Филалделфија 105:119
Мајами Хит-Њујорк Никс 119:98
Чикаго Булс-Денвер Нагетс 135:102
Милвоки Бакс-ЛА Клиперс 120:127
Њу Орлеанс Пеликанс-Индијана Пејсерс 96:92

Scroll to Top