Top Sport

Ноќ на неверојатни пресврти во НБА лигата (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс, предводени од Никола Јокиќ, ја забележаа четвртата победа во низа. Денвер во мечот се вратија по негативата од 19 поени, покрај нив подвизи измината ноќ направија и кошаркарите на Оклахома, односно Чикаго.

Нагетс ги совладаа Орландо Меџик 113.104 и се вратија на третата позиција во Западната конференција. Пред нив се екипите од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс.

Денвер со голем пресврт во второто полувреме успеаја да слават против екипата од Флорида. Меџик по првиот дел имаа предност од 19 поени (50:69). Нагетс второто полувреме го отворија со серија 24:0, го презедеа водството 74:69, а потоа нем и дозволија на противниците да ја загрозат нивната предност.

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ по бледиот старт во сезоната полека влегува во форма. Против Меџик му недостигаше еден скок за трип-дабл, натпреварот го заврши со 18 поени, девет скока и 12 асистенции.

Канаѓанецот во дресот на Денвер, Џамал Мареј, со 33 поени беше најефикасен на натпреварот. Покрај Мареј и Јокиќ кај Нагетс се истакна и Пол Милсап со 15 поени и 12 скока.

Вообичаено Орландо ги предводеше Црногорецот Никола Вучевиќ со 20 поени, седум скока и пет асистенции.

Чикаго Булс во Вашингтон славеа по едно продолжение 110:109. Успехот на биковите е уште поголем ако се знае дека во последниата четвртина надоместија негатива од 18 поени. Вашинготн поентираа преку Бредли Бил на 0,5 секунди до крајот, но потоа беше фаулиран Зек лавин кој ги погид двете слободни фрлања и избори продолженија.

Лаури марканене со 30 поени и дебет скока, односно Лавин со 24 поени ги предводеа Булс до големата победа. Кај Вашингтон се истакна Давис Бертанс со 26 поени, Летонецот погоди седум тројки од 13 обиди.

Мемфис Гризлис не успеаја да ја победат Оклахома иако во еден период од второто полувреме водеа со разлика од 24 поени. На крајот Тандер славеа со 126:122. Германецот Денис Шрудер ја предводеше Оклахома со 31 поен и седум асистенции.

Резултати:

Кливленд-Шарлот 100:98
Детроит-Торонто 99:112
Филалдлефија-Мајами 104:108
Вашингтон-Чикаго 109:110
Минесота-Њу Орлеанс 99:107
Окалхома-Мемфис 126:122
Далас-Бостон 103:109
Портланд-Голден стејт 122:112

Scroll to Top