Top Sport

Нов блесок на Лука Дончиќ (Видео)

Лука Дончиќ на секој натпревар во дресот на Далас Маварикс потврдува дека пред него е голема кариера во НБА лигата. Словенецот го предводеше тимот до триумф над Оклахома Тандер 105:103.

Дончиќ мечот го заврши со 25 поени и 7 асистенции, голем придонес во победата имаше и Денис Смит кој го одбрани последниот напад на Оклахома. Најефикасен кај Далас беше Харисон Барнс со 26 поени.

На спротивната страна Расел Вестбрук беше блиску до трипл-дабл (9 поени и скокови и 8 асистенции) меѓутоа тој одигра лош натпревар. Рас погоди само четири од 22. обиди од поле, а не реализира ниту еден од осумте обиди за три поени.

Кај Оклахома се истакнаа Пол Џорџ со 36 поени и Денис Шрудер со 19.

Резултати:

Орландо-Детроит 109:107
Торонто-Чикаго 95:89
Мајами-Минесота 104:113
Портланд-Филалдлефија 129:95
ЛА Лејкерс-Сакраменто 121:114

Scroll to Top