Top Sport

Нов „кукавички“ напад во американски средношколски кошаркарски меч

Кошаркарскиот натпревар помеѓу средните школи Невада и Карлајл во Ајова, САД, во кој Невада стигна до 72:47 победа, беше одбележан со нов неверојатен напад на својот ривал од страна на едно 17-годишно момче, кое за потегот доби кривична пријава.

Кога кошаркарите беа наредени еден до друг за да се ракуваат по мечот, едно момче од тимот на Карлајл реши да удри еден од ривалите во стомак, предизвикувајќи хаос во салата. 17-годишниот Картер Преносил бил уапсен по хаосот и сега го очекува кривична пријава за напад.

Овие вознемирувачки сцени не се први кои доаѓаат од средношколските кошаркарски терени во САД, откако ќерката на поранешниот НБА играч Кори Бенџамин имаше сличен потег на 15-годишна ривалка на меч во Калифорнија во ноември.

Scroll to Top