Top Sport

Нов пораз на Далас – Јанис подобар од Лука

Кошаркарите на Милвоки Бакс, во дербито, славеа победа над Далас Маверикс 124:115. Милвоки со 14 победи и пет порази се втори на Истокот, Далас се 11. на Западот со девет победи и 10 порази.

Милвоки, до победата ги предводеше трилингот: Јанис Адетокумбо со 30 поени (11/19 од поле), 11 скока и 4 асистенции, Грејсон Ален со 25 и Џру Холидеј со 16 поени со 6 асистенции.

Во четвртиот последователен пораз на Далас, Лука Дончиќ повторно беше најефикасен со 27 поени (10/20 од поле, 3/7 за три), а за 35 минути имаше уште 5 скока и 12 асистенции.

Кошаркарите на Бостон го победија тимот на Вашингтон со 130:121, без повредениот Џејсон Тејтум.

Џејлен Браун го предводеше Бостон до 16. победа со 36 поени, Малколм Брогдон додаде 17, а Дерик Вајт 15 поени.

Во поразениот тим најдобар беше Бредли Бил со 30 поени, а Кристапс Порзингис постигна 21.

Мајами победи на гостински терен против Аталанта со 106:98 и со тоа ја прекина серијата од седум натпревари без победа на гости.

Најзаслужен за победата на Мајами беше Бам Адебајо со 32 поени, од кои 14 постигна во третата четвртина, додека Тајлер Хиро постигна 11 поени со 11 скока и 10 асистенции.

Филаделфија беше убедлива против Орландо на гостински терен, победувајќи со 133:103 без Џоел Ембиид и Џејмс Харден.

Натпреварот го одбележаа Шејк Милтон со 29, Тобијас Харис со 25 поени и Фуркман Коркмаз со 17 поени.

Кливленд го победи Детроит со 102:94, а Мемфис слевеа во Њујорк 127:123.
Џа Морант блескаше со 27 поени, 10 скока и 14 асистенции. На другата страна Џејлен Брунсон постигна 30 поени.

Scroll to Top