Top Sport

Нов потрес во АБА лига – хрватски репрезентативец доаѓа во Партизан

Малку недостасува белградски Партизан да го состави тимот за следната сезона.

Со доаѓањето на Жељко Обрадовиќ на кормилото на клубот многу играчи беа поврзувани со „црно-белиот“ состав, а последно име е репрезентативецот на Хрватска, 32 годишниот центар Миро Билан кој минатата сезона настапуваше за Динамо Сасари.

Искусниот хрватски кошаркар својата професионална кариера ја започна во Шибеник, а подоцна настапуваше и за Задар, Цедевита, Стразбур и Асвел.

Член на селекцијата на „коцкастите“ е од 2014 година.

Scroll to Top