Top Sport

Нов удар за Барселона – Реал го потврдија трансферот на Ертел

Реал Мадрид, во неполни 24 часа, донесоа во своите редови уште еден играч на Барселона. „Кралскиот клуб“, потврди дека едногодишен договор потпишале со Томас Ертел.

Францускиот репрезентативец, буквално беше избркан од Барселона пред шест месеци, кога клубот дозна дека тој е во прговори со Реал. Тогаш, Барселона, го остави Ертел на аеродромот во Истанбул.

Последните шест месеци Ертел ги мина во Асвел. Во кариерата бил играч на Ортез, Стразбур, Аликанте, Басконија и Ефес.

Реал, синоќа, го официјализираше трансферот на Адам Ханга, кој од Барселона пристигна во Мадрид како слободен играч.

Scroll to Top