Top Sport

Нова повреда на Теодосиќ (Видео)

Милош Теодосиќ кошаркарот ЛА Клиперс го повредил зглобот на десната нога на натпреварот со Шарлот Хорнетс.

Теодосиќ до повредата одигра солиден меч, имаше учинок од осум поени и пет асистенции..

Српскиот репрезентативец се повреди на три минути до крајот на натпреварот. Клиперс славеа над Хорнетс 106:98.

По мечот тренерот на Клиперс, Док Риверс, рекол дека повредата не е сериозно, односно дека Теодосиќ ја обновил повредата од почетокот на сезоната, поради која паузираше два месеци.

Scroll to Top