Top Sport

Нова сезона, нов број на дресот

Леброн Џејмс, во новата сезона, ќе влезе со нов број на дресот.

Џејмс, во Лос Анџелес Лејекрс, во првите две сезони го носеше бројот 23, а во новата сезона ќе влезе со шестката на грбот. Овој број, Џејмс го носеше во Мајами Хит. Со Мајами, Леброн, ги освои првите две титули во кариерата.

Шемс Чаранија, информира дека Ентони Дејвис нема да го земе бројот 23, како што се најавуваше претходно. Дејвис со бројот 23, во Њу Орлеанс Пеликанс, ја започна НБА кариерата.

Дејвис и понатаму ќе ја носи тројката.

Scroll to Top