Top Sport

Гобер дефанзивец на годината

Центарот на Јута Џез ја доби наградата за дефанзивец на годината во НБА лигата. Францускиот центар трет пат во кариерата ја доби оваа награда. Претходно, Гобер ја донил оваа награда во сезоните 2017/18 и 2019/20.

Гобер наградата ја доби пред Бен Симонс од Филаделфија Севентисиксрес.

Францускиот репрезентативец има одлична сезона со Јута Џез. Франшизата од Солт Лејк сити го освои првото место во регуларниот дел од сезоната.

Гобер, во просек по натпревар имаше по 14,3 поени, 13,5 скокови и 2,7 блокади, а Јута го имаше четвртиот најдобра дефанзивен рејтинг во лигата.

Scroll to Top