Top Sport

Нова шампионска партија на Вориорси (видео)

Голден Стејт вориорс стигнаа до нова победа, добивајќи ги Торонто репторс во драматичен меч со 127:125.

По убедливото прво полувреме, Вориорси дозволија домаќините да се вратат во игра и во последната четвртина да направат 36:19, за да има неочекуван тесен натпревар. 42-те поени на Демар Дерозан не беа доволен за Репторси, додека во тимот на Голден Стејт свој кам-бек по два меча пауза имаше Стеф Кари и се врати со 24 поени и 9 асистенции. Подобри од него беа само Клеј Томпсон со 26 и Кевин Дурент со 25 поени.

Оклахома сити тандер стигна до 101:91 победа на гостувањето кај Шарлот предводени од 25 поени на Расел Вестбрук, кој додаде и десет скока и седум асистенции.  Зек Левин се врати со 14 поени во својот прв натпревар по 11 месеци за Чикаго булс да стигнат до 107:105 победа над Детроит.

Scroll to Top