Top Sport

Вујо го советува Червар

EvropСелекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ, има совет за колегата од Хрватска Лино Червар како да го надополни хендикепот кој на Хрватите им се деси по повредата на Домагој Дувњак.

Хрватскиот капитен го повреди листото на десната нога во финишот на натпреварот со Србија, одигран во петокот (32:22). Магнетната резонанца покажала дека тој евентуално ќе може да му се приклучи на тимот во полу-финалето.

„Тука се Циндриќ и Карачиќ. Но, Лино Червар е доволно паметен и мора да ги разигра Мандалиниќ и Мамиќ, бидејќи овие двајца нема сами да можат да го изнесат првенството“, рекол Вујо по поразот од Македонија во првото коло, во Ц-групата (25:24).

По повредата на Дувњак многумина во Хрватска упатија критики кон селекторот Червар бидејќи во ситуација кога натпреварот со Србија беше решен Дувњак се уште беше на теренот.

„Да го завршеше мечот и ништо да не се случеше сите ќе говореа дека Лино е паметен бидејќи му дал поголема минутажа. Сега кога тој се повреди сите прашуваат зошто бил во игра. Сите тие потези можете да ги коментирате. Но како и во шахот и тој потез треба да се повлече“, завршил Вујовиќ.

Словенија по поразот од Македонија, во второто коло утре ќе игра против Германија.

Scroll to Top