Top Sport

Новицки: Бен Симонс може да биде еден од најдобрите во свет

Легендарниот НБА кошаркар, Германецот Дирк Новицки вели дека кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс ќе има долга и богата кариера во НБА.

„Го сакам Бен, се имае видено неколкупати. Неговиот потенцијал – небото е граница. Неверојатен атлета, покрај тоа има одлично чувство за игра затоа што теренот го гледа на вистинскиот начин и ги вклучува соиграчите во играта. Мора да го поправи шутот, ако тоа го направи – ќе биде еден од најдобрите играчи во светот. Ја разбира играта, многу е млад, но ако продолжи да напредува, ќе биде забавно да се гледа подолго време“ – смета Новицки.

Австралискиот кошаркар има 23 години и сезонава во Филаделфија има просек од безмалку 17 поени, 8 скока и 8 асистенции на меч. Одлично игра во одбраната, прв е по бројот на украдени топки.

Scroll to Top